ВИДЕО- 30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии – решението е изградба на Регионални центри за управување со отпад


Единствено решение за заштита на животната средина во Македонија и хаосот со ѓубрето е отворањето на Регионални центри за управување со отпад. Предвидени се 5 такви од кои еден ќе биде во Новаци кој ќе покрива 18 општини од Центар Жупа, Струга, Охрид, Кичево, па се до цела Пелагонија. За оваа намена Македонија се задолжи 55 милиони евра во ЕБОР, а Прилеп останува лидер во селекцијата на отпадот, додека депонијата Алинци ќе биде и претоварна станица за отпадот кој ќе се носи во Новаци.

„Во моментов имаме страшни 30% од отпадот кој е генериран во оваа држава, а кој што завршува по долови, во реки, на полиња, се пали и очекувам дека Регионалната депонија која ќе биде изградена според европските стандарди дека ќе биде решение со кое за прв пат ќе видиме подобрување после децении“, истакна Иван Петровски, програмски координатор за животна средина и клима во Шведската амбасада.

Прилеп го посети Шведскиот амбасадор и претсравници заедницата на локални самоуправи од Шведска САЛАР кои помагаат во целиот процес за Регионаланите депонии.

„Сите ние имаме заеднички одговорности да се грижиме за оваа природна убавина, и управувањето со отпадот е клучна алка од целиот овој систем. И особено сме горди на фактот што Пелагонија и Прилеп се водечки сили во рамките на целиот овој проект“, изјави Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во Македонија.

Градоначалникот на Прилеп вети наското пуштање во употреба на првата секундар линија за селекција на отпад во Македонија.

„Ја плативме фактурата кон ЕВН за да започне да се спроведува кабелот за електрично напојување за оваа фабрика. Ќе имаме уште дел обврски кои треба да ги завршат изведувачите и на машинскиот и на градежниот дел. Би моѓеле во иднина оваа линија да се користи и за комерцијални намени односно за селекција на отпад и на соседните општини и на сите оние кои би побарале таква комерцијална услуга“, додаде Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Прилеп деновиве во самиот град го доби и првиот Собирен мал центар каде граѓаните бесплатно ќе може да одлагаат електронски и текстилен отпад, стакло, хартија и пластика.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира