Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Своето 5 децениско постоење КУД „ПЕНЗИОНЕР“ од Прилеп го одбележа со концерт во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп каде пред публиката се претстави со својата богата програма на староградски народни песни. Гости на овој концерт беа и пејачката секција на здружението на жени „Преродба“ од Прилеп како и хорот „Абрашевиќ“ од Врњачка Бања, Србија.
КУД „ПЕНЗИОНЕР“ е оформен далечната 1975 година, а низ овие 5 децении бил познат и како „Весели прилепчани“ и „Весели пензионери“. Друштвото има освоено голем број признанија и награди на голем број манифестации и фестивали ширум Македонија.
КУД „ПЕНЗИОНЕР“ учествува и во странство. Така што ја претставуваше Македонија и на фестивалот „Трето животно доба“ во 2014 година во Словенија. Во 2017 и 2022 година здружението учествува и на меѓународниот фестивал во Врњачка Бања, Србија.
Уживајте во прекрасната музика на КУД „ПЕНЗИОНЕР“ – Прилеп и неговите гости.