ВИДЕ0 – Се одржа велосипедската трка Сава Мариово тур 2023 како и детска трка и ликовен натпревар


По повод големиот национален празник во Прилеп, а во организација на Здружението за спорт и култура Нови Маркови внуци, под покровителство на Општина Прилеп, Сава пензиско и Сава осигурување вчера во Прилеп се одржа велосипедска трка Сава Мариово тур 2023. Учествуваа 118 натпреварувачи од скоро сите градови на Македонија.

Трката имаше натпреварувачки и рекреативен сегмент. Натпреварувачкиот во конкуренција на Друмски велосипеди и планински велосипеди. Патеката беше во должина од 72км на потегот од пред Камена бина во центарот на градот па се до Расимбегов мост на река Црна и назад.

Рекреативната патека пак беше на истиот потег до с. Штавица и назад во должина од 26 км.

За натпреварувачите беа поделени и  награди:

Награди за категоријата Друмски велосипеди:

1 место златен медал и 7000 ден.

2 место сребрен медал 5000 де.

3 место бронзен медал и 3000д

 

Награди за категоријата планински велосипеди:

1 место златен медал и 7000 ден.

2 место сребрен медал и 5000 ден.

3 место бронзен медал и 3000 ден.

 

Имаше и детска трка на која учествуваа 165 дечиња и за сите беше обезбедено натпреварувачки Бранче со пакет кондиторски производи, како и диплома за учество.

Паралелно беше организиран и ликовен натпревар на деца од одделенска настава на тема 11-ти Октомври. Учество зедоа 42 ученика од прилепските основни училишта.

&

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира