Витаминка доби специјална награда за добар пример во областа на безбедност и здравје при работа

Витаминка доби Специјална награда за добри примери во областа на безбедност и здравје при работа од Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за безбедност и здравје при работа. Со ова високо признание се истакнуваат и потврдуваат континуираните активности во компанијата насочени кон значењето, улогата и неопходното унапредување на безбедноста и здравјето при работа на своите вработени.

 

Според организаторот на доделувањето на наградите, практиките на компанијата се прилагодени на крупните промени кои се случуваат во однос на работата, земајќи ги предвид технолошките, демографските промени, одржливиот развој, климатските промени и промените во делот на организацијата на работата.

 

Доделувањето на годишната награда е по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и се спроведува со поддршка од Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung“ – Скопје. Се доделува на компании коишто се истакнале со своите активности во насока на безбедност и заштитата при работа.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци