Витаминка еден од најголемите изложувачи на Интерфуд 2019

Започна саемот Интерфуд 2019, Меѓународен специјализиран саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати што секоја година се одржува во Софија. Витаминка, која веќе долги години е присутна на овој пазар, традиционално е дел и од овој саем и е еден од најголемите изложувачи. Во текот на четиридневната манифестација, Витаминка ќе ги претстави своите производи и производни програми, како и производните практики.

 

Покрај презентациите, компаниите присутни на Интерфуд имаат можност и за семинари, конференции, работилници и деловни состаноци со потенцијални бизнис партнери.

 

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи, производствени апарати и нови технологии што се одржува годинава по 18ти пат во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа. Витаминка секоја година е присутна на овој саем и досегашното искуство ги потврдува предностите и бенефитите од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка веќе долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар.

 

Покрај контактите со потенцијални партнери од пазарите во Југоисточна Европа, Витаминка со претставувањето на своите производи дополнително ја зацврстува својата позицијата на бугарскиот пазар каде Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи се веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци