ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските. Ова вечерва пред партиското седиште го изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако претходно Собранието ги усвои уставните измени, кои произлегуваат со Договорот од Преспа.

 

„Според законските прописи и врз основа на минатото искуство на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и волјата на мнозинството граѓани ќе биде испочитувана. Потребни се избори на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, народот ќе каже каква Македонија сака, Северна Македонија на Заев, понижена и засрамена или Македонија на народот, горда, напредна и почитувана“, рече Мицкоски.

 

Повтори дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека не ја поддржува  промената на Уставот со цел промена на уставото име на РМ , промената на идентитетот, на историјата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци