Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Денес се навршуваат 123 години од трагичната смрт на нашиот голем револуционер, учител и хуманист, Методија Патчев. Со длабоко почитување се сеќаваме на неговата саможртва и неуморна борба за слободна и обединета Македонија. Неговиот дух и неговото дело остануваат вечно вткаени во нашата историја и се наш вечен потсетник на вредностите за кои се залагал.
Делегација од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, заедно со претставници од ОК на Унијата на ветерани и Патриотскиот институт ,,Гоце Делчев” Прилеп, положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Методија Патчев во Кадино село, оддавајќи му ја заслужената почит за неговата саможртва и борба за слободна Македонија.
Исто така денеска во Прилеп по повод празникот Свето Благовештение во црквата посветена на овој ден или кај прилепчани позната и како Стара црква се отслужи Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспасно-Пелагониски Г. Петар.







