Во кои земји се користи „АстраЗенека“, а во кои не

 

Некои земји во светот, меѓу кои и Македонија, ја ограничија употребата на вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19, додека други продолжија со вакцинацијата, објави Ројтерс.

Вакцината се користи во:

Австралија – здравствените власти велат дека не е докажана врската меѓу вакцината и згрутчувањето на крвта и додека трае истрагата, вакцинацијата продолжува.

Бугарија – вакцинацијата продолжи од 19 март.

Кипар – ја прекина вакцинацијата на 15 март, но четири дена подоцна, на 19 март продолжи.

Канада – одлучи да ја прекине вакцинацијата на лица помлади од 55 години и бара нова анализа на придобивките од вакцината и ризиците според возраста и полот.

Франција – на 19 март продолжи вакцинацијата, но само на постари од 55 години.

Финска – на 29 март продолжи употребата за лица постари од 65 години.

Грузија – ограничена употреба на вакцината по смртта на медицинска сестра од анафилактички шок и вакцинацијата ќе продолжи само во целосно опремени медицински центри.

Германија – од 31 март ограничена употребата на лица над 60 години и високо приоритетни групи.

Исланд – на 25 март продолжи вакцинацијата откако претходно беше прекината на 11 март.

Индонезија – продолжи со употреба на 22 март.

Ирска – по прекинот на 14 март планира да продолжи со употреба за сите над 18 години.

Италија – на 19 март продолжи да ја употребува, а Италијанците кои одбиваат да ја примат подоцна ќе имаат алтернатива.

Латвија – уште на 19 март најави дека ќе продолжи да ја користи.

Литванија – се дава на лица постари од 65 години.

Холандија – на 18 март имаше најава дека ќе продолжи вакцинирањето.

Македонија – Вакцината ќе се дава само на лица постари од 77 години.

Јужна Кореја – користи АстраЗенека.

Шпанија – на 30 март најави дека ќе ја користи вакцината за лица на 55-65 години, а еден ден подоцна објави дека ќе прошири вакцинацијата и на постари од 65 години.

Шведска – од 25 март ја употребува за лица постари од 65 години.

Тајланд – ја користи од 15 март.

Употребата на АстраЗенека е прекината во Австрија, Камерун, Данска, Норвешка, Романија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира