Во недела сите на Селечка – Планинарска дружба во чест на Томе Темелкоски


Планинарската група Прилепски Планинари – Авантуристи во соработка со здружението Вело Че ве кани на планинарска дружба по Селечка Планина во чест на Томе Темелкоски. Стартот на турата е во недела на 10 април во 9 часот од манастирот Св Димитрија во село Селце ( 7 км.) оддалечено од Прилеп. Турата е во должина од 12-13км. средно тешка и висинска разлика од околу 800м.

Опис на турата:

  • Старт 9 часот св. Димитрија с. Селце.
  • Првата пауза е во локалитетот Домаќинско Чешмуре.( поручек од ранец).
  • Втората пауза е пред ливадата на местото викано Дуна Нива.
  • Третата пауза е на местото викано Стогот под врвот Калушоец.( не е во програмата за негово искачување).
  • Движење по сртот на Селечка Планина со погледи кон Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово. Солунска Глава, Прилеп и стигнување до споменикот Устрелец изграден во чест на Прилепските Бранители кои загинаа на Карпалак каде следи и пауза.
  • Упатување кон под врвот Чуле( не е во програмата за негово искачување) и се упатуваме кон Планинарскиот дом Томе Темелкоски место.
  • Ручек во домот ( од ранец), мала дружба
  • Враќање кон манастирот Св. Димитрија
  • Затворање на турата и видување до наредна година.
  • Време траење на турата е од 3 – 4 часа(пешачење нормално темпо)
    Пауза за поручек 30мин.
    Втора, трета и четврта пауза по 20мин.
    Пауза за ручек и дружба 2-3 часа.
  • Крај на турата 17 часот

Напомена: Движењето оди во групата без оддстапувања напред пред водичите .

Најавена бројка на учесници е 500, а освен од Прилеп има најавено гости и од други градови од Македонија. Вчера организаторите ја маркираја ја исчистија и подготвија патеката за безбедноста на сите учесници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира