Во Непроштено ќе се одбележат 20 години од конфликтот во 2001 година


Во тетовско Непроштено вечер ќе се одблежат 20 години од конфликтот во 2001 година со помен на убиените и киднапирани Македонци од ова место.

„Настанот ќе се одржи со почеток во 18 часот и 30 минути со положување цвеќе пред споменикот на киднапираните што се наоѓа во центарот на селото“, соопштуваат од Организацискиот одбор на Непроштено.

Во 2001 година беше убиен Стојан Михајловски, а Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски се дел од 12-те Македонци кои беа киднапирани во тетовскиот регион.

Спомен-обележјето во Непроштено е изградено во 2014 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира