На 07.07.2019 околу 03.30 часот во ноќен клуб во Прилеп, полициси службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Прилеп лицето С.Р.(20) од Прилеп, кој се барал по потерница.
„При приведувањето, лицето М.С. ги спречувало полициските службеници во вршење службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена содветна пријава“, соопштуваат од СВР Битола.