Во пресрет на новата учебна година: Нова спортска сала во „Блаже Конески“, бесплатни униформи за 6.000 ученици, бесплатен превоз за учениците од населените места

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Со почетокот на новата учебна 2025/2026 година, како Локална самоуправа на Општина Прилеп испраќаме силна порака за поддршка на образованието, за еднакви можности и за посветена грижа за секое дете, велат во своето соопштение од Општина Прилеп.

Во пресрет на новата учебна година, реализиравме повеќе значајни мерки и инвестиции:

  • Направени се реконструкции и опремувања во сите основни и средни училишта, со што обезбедивме подобрени услови за сите ученици.
  • Обезбедивме бесплатен здрав оброк за учениците од I до III одделение – мерка што продолжува и оваа година.
  • 6.000 ученици во основното образование ќе добијат бесплатни училишни униформи, со што обезбедуваме еднакви и достоинствени услови за сите, а почетен прибор ќе доделиме на првиот училишен ден за сите првачиња.
  • Изградена е нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“, инвестиција од околу 23 милиони денари, која ќе овозможи поквалитетен физички развој на учениците.
  • Од 1 септември започнува и бесплатниот училишен превоз за учениците од населените места. Новитет е воведувањето линиски превоз кој ќе можат да го користат и останатите жители на населените места, а не само учениците.
  • Инсталирани се осум прочистувачи на воздух, обезбедени од Владата на Република Македонија – шест во спортските сали на основните училишта и два во градинките. Заедно се грижиме за подобрување на квалитетот на воздухот каде што престојуваат нашите најмили.

Нашата цел е секој ученик да ја започне учебната година со насмевка и мотивација, а образованието да биде гордост и радост за сите. Вложуваме во образованието – вложуваме во нашата иднина!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци