Во прилепскиот театар се поставува претставата „Аудиција“ во режија на Владимир Милчин

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

„Аудиција“ од Александар Галин е новата претстава што ја подготвува театарот „Војдан Чернодрински“,  а ја режира Владимир Милчин. Ќе биде горчлива комедија, современа, денешна.

Тоа е нашата ситуација – сегашна. Луѓето на било кој начин се обидуваат да избегаат  од земјата, за да на некој начин најдат подобри можности за опстанок. При тоа, тоа е некоја очајна  ситуација, во која човек тешко може да го брани достоинството и мора да прифати неприфатливи работи.  Затоа велам дека е горчлива комедија. Мислам дека е многу  актуелна денес тука за кај нас. Ако режисерот не сработи со актерите претставата нема да биде добра. Претставата ќе биде добра само актерите од срце го играат текстот, односно играјќи ги ликовите ни укажуваат дека  некој не продал, дека сме ние само стока. И тоа е страшно ако се има предвид дека младите генерации се жртви на тоа. И младите заминуваат оти не гледаат перспектива. Галин сум го работел со студенти на ФДУ, кога како студент играше  прилепскиот актер Владимир Ѓоргијоски, кој денес не е тука. Изгледа тоа што го одигра таму му се случи во животот“, изјави Милчин.

Ќе играат актерите Јасмина Мицовска Станкоска, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Зоран Иваноски,  Марија С.Илијески, Наташа Ачански, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Илија Волчески,  Михајло Миленкоски, Сара Спиркоски.

Изборот на музиката ќе биде на режисерот, за сценографијата е задолжен  Крсте Џидров, а за костимите  Марија Пупучевска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира