Во Прилеп денеска 64 нови случаи на Ковид 19, едно лице почина

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус, а 9 лица оздравеле од заразната болест.

 

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 61-годишна возраст.

 

Бројот на активни случаи изнесува 564, од кои 499 се наоѓаат на домашно, а 65 на болничко лекување.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 853 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1440.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира