Денес во кино салата Мис Стон при Домот на култура Марко Цепенков започна 1 Меѓународен шаховски турнир „ПРИЛЕП ЈУНИОР 2026“ едно прекрасно шаховско дружење, кое се надеваме ќе е исполнето со борбеност, емоции и квалитетен шах.
На турнирот учествуваат 12 шахисти од Македонија, Србија и Австрија, од кои 10 момчиња и 2 девојки. Нема изразит фаворит бидејќи квалитетот е многу висок и изедначен.Се очекуваат многу интересни партии, со надеж дека после овој турнир ќе се зголеми интересот за шахот во Прилеп и Македонија. Се очекуваат инетресни мечеви за секој поен, бидејќи турнирот се рангира на светската шаховска федерација ФИДЕ.
Организатор на настанот е шаховскиот клуб ПРИЛЕП кој е еден од најдобрите во државата. Истиот заедно со Алкалоид е единствен со две прволигашки екипи на претстојното државно првенство во Струга и во машка и во женска конкуренција.
Да напоменеме дека за ШК Прилеп на Купот на Европски шампиони во 2021 година настапи индискиот велемајстор и актуелен светски првак Домарају Гукеш кој играјќи за Прилеп го освои златниот медал како најдобар играч на турнирот.
Оваа година доколку се обезбедат минимални финансиски средства ШК Прилеп повторно ќе го представува градот на КЕШ во Херцег Нови, Црна Гора. Сè на сè – еден квалитетен шаховски настан, за кој искрено се надеваме дека од година во година ќе расте и ќе станува се подобар и подобар.