Во Прилеп одбележани 160 години од раѓањето на македонскиот револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денес се навршуваат 160 години од раѓањето на македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров.  По тој повод заедничка делегација од Општина Прилеп и Советот на општина Прилеп, како и делегации на СОУ „Ѓорче Петров“, Сојузот на борци-Прилеп и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер во центарот на градот и пред неговата родна куќа во населбата Варош, а во СОУ ,,Ѓорче Петров” беше откриен мурал со ликот на Ѓорче Петров.

„Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња преставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина.“ — Ѓорче Петров, „Материјали по изчувањето на Македонија“, 1896 г.

Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилеп а загинал на 28 јуни 1921 година во Софија. Ѓорче Петров бил неуморен борец за самостојна Македонија, а неговата животна девиза била: „Македонија и нејзината иднина секогаш се во рацете на македонскиот народ“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира