ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Со Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски, Г. Петар, во најголемата црква во Прилеп, „Свето Благовештение“ денеска беше одбележан празникот Три светители кој што е патрон празник на бакалскиот еснаф во Прилеп, еден од најбројните прилепски еснафи. Празникот е посветен на Светителите Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Овој ден во Прилеп го викаат и уште Денот на бакалите.
Домаќин годинава е истиот од лани, Кирил Јандреовски. Домаќин за идната година е Пеце Гелевски, поранешен бакал кој сака да ја продолжи традицијата.
Инаку оваа традиција кај бакалите во Прилеп постои од 1954 година. Прво домаќинот лично ги кани бакалите од градот и оди кај секого од куќа на куќа и од дуќан на дуќан, денеска празникот се одбележува со Литургија, а после црковната литургија се даваше трпеза манастирот Св.Петка, во с.Лениште.
Постарите бакали велат дека имало и години кога скришно ја правеле оваа традиција за време на Југославија, но таа никогаш не прекинала.
Во моментов во Прилеп како најстар жив бакал се смета Мирослав Попоски – Попо. Инаку ваква уникатна бакалска традиција нема во ниту еден друг град во Македонија.