ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Изложба на дела од ликовната колонија Дрен 2023, што се одржа годинава во јули, по 15 пат, отворена е во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. На изложбата се претставени вредни дела од уметниците Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски, Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски, кои користејќи различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали, содадоа творби кои остануваат трајно наследство за Центарот и државата, бидејќи колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура.
Преку 30 дела од меѓународната ликовна колонија „ДРЕН 2023“ се на увид пред љубителите на уметноста.
„Од многубројното и разнообразно творештвото коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам“, вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.








