Во Прилеп се одржа еколошката акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Трета година по ред во Прилеп се одржа еколошката акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која што се случува во сите општини во Република Македонија, а на која се приклучија и Општина Прилеп, заедно со ЈКП „Комуналец – Прилеп“.

Се извши темелно чистење во комплексот „Езеро“, во парк шумата околу комплексот, околните ливади, како и околу стариот мотел Езеро. Отпадот беше собран и селектиран според неговиот вид во различни кеси за отпад.

„Им благодариме на здружението „Man and Mountain“ за можноста и на сите кои што се вклучија и ја помогнаа оваа акција а со тоа ја одржуваме и ја правиме нашата околина почиста и поубава!“, велат од Општина Прилеп.

За секои 10 килограми собран отпад, Министерството за земјоделство ќе обебеди по едно дрво за пошумување на нови шуми.

Воедно, „Комуналец“ ја тампонираше и пристапната патека до рекреативниот комплекс.

Од јавното претпријатие апелираат до посетителите да ги собираат отпадоците кога го посетуваат вештачкото езеро и овој спортско – рекреативен комплекс и да ги користат кантите за поситен отпад, како и контејнерите кои се поставени на три локации: пред поранешниот мотел, на паркингот и до пристапната патека веднаш над комплексот „Езеро“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира