Во Прилеп се одржа првиот меморијален шаховски турнир „МАТ” во чест на прилепските шаховски великани

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Денес во Прилеп се одржува првиот меморијален шаховски турнир “МАТ” во чест на тројцата прилепски шаховски великани Митре Џајкоски, Александар Тодоровски и Тане Дулев,  во организација на Шаховскиот клуб Прилеп и шаховскиот клуб Пелагон. Прилеп отсекогаш бил и е Град на шахот каде преку шаховска игра се укинуваат сите бариери и разлики и континуирано се учат лекции и достоинствени победи, реми и порази.

Турнирот свечено го отвори Претседателот на Шаховски клуб Прилеп – Тони Кироски, а свое обраќање имаше г-ѓа Тереза Златеска директорката на СОУ “Орде Чопела”, кое е домаќин на турнирот.

Љубовта и успесите во шахот ги споделија истакнати шахисти од нашиот град – примариус д-р Благоја Дамески и Никола Милошески кои веќе долги години се истакнуваат со своите вештини на победливо движење на фигурите на шаховската табла.

На турнирот учество зедоа над 120 учесници на возраст од 7 до 87 години, не само од нашиот град туку од целата држава.

Придобивките од изучувањето шах се многубројни и долготрајни, а Шаховскиот клуб Прилеп и шаховскиот клуб Пелагон  преку турнири го промовираат шахот како алатка за дружење, едукација, забава истовремено промовирајќи го главното мото на шахистите – Сите сме еднакви.

Се надеваме дека овој шаховски турнир кој воедно е и рејтингуван во ФИДЕ ќе прерасне во традиција и белег на градот Прилеп, и во наредните години ќе прерасне во меморијален турнир препознаен во границите надвор од нашата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира