Во сабота и недела по втор пат „Прилепска Трансверзала“ – пријавувањата се во тек


По втор пат во Прилеп групата Прилепски Планинари – Авантуристи ја организира Прилепска Трансверзала во должина од 70 до 80 км. Во оваа трансверзала ќе се опфати прилепскиот венец на планините Бабуна и Селечка Планина.

Опис на турата:

Прв ден на маршутата е пешачење по планината Бабуна со старт од Економски Факултет во 6 часот, преку Маркови Кули, м. Трескавец, с. Дабница, рудниците Кукул, Сивец, м. св. Ѓорѓи, Борула, Белото, врв Козјак и крајна цел с. Плетвар, каде се спија во шатори.

– Одмор, вечера( прилепско гравче) обезбедено од организаторите, мала забава.

Вториот ден пешачење по Селечка Планина со старт од с. Плетвар во 6 часот до под врвовите Ливада, Чуле по сртот на Селечка до врвовите Калушоец и Коњарник, врвот Две Стени, превој Слива, врв Веслец и крајна цел с.Штавица или повеќе познат како малиот Холивуд.

– Ручек ( обезбеден од организаторот), мала дружба затворање на настанот.

– Турата спаѓа во тешки тури и не е за почетници планинари.

Во двата дена се предвидени од по 10-12 часа пешачење со попатните одмори места за освежување и собирање на сила до крајната цел. Секој учесник е должен да си обезбеди шатор и вреќа за спијање кои што ќе му бидат однесени до местото предвидено за спијање ( товарот од вреќа и шатор не го носи со себе).

За првиот ден секој со себе да си понеси онолку опрема и исхрана колку што му е потребна за тој ден, а остатокот му останува во селото Плетвар за вториот ден.
За исхрана за првиот ден секој да си носи со себе храна за поручек и ручек.
За вториот ден само поручек.

Вода има доволно по текот на целата трансверзала.

Пријавувањето е задолжително. Котизација за турата е 200 денари.

Во цената е внесено вечера во кампот, ручек на крајот од турата, превозот на опремата од стартната точка до местото за кампување и превоз од крајната цел до Прилеп.

За повеќе информации обратете се на 077556672 Владимир.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира