По донесувањето на законот за употреба на јазици, покрај службениот македонски јазик и неговото кирилско писмо треба да се користи и друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните (албански јазик).
На државно ниво се поширока е примената на овој закон, но на локално ниво, во Тетово, погрешно се интерпретира двојазичноста, па употребата на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо ја нема.
Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи во употреба предаде јавен простор во Тетово, а на клупите за седење и на корпите за отпадоци беше испишано името на Општина Тетово, но само на албански јазик.
ФОТО: СДК.МК
Истото беше забележано и во неодамнешното предавање на автобуси за јавен простор, на чии банери, општина Тетово беше само на албански јазик и на латиница, но немаше текст на македонски јазик.
