ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто палта 42.950 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.
Зголемувањето кај нето платата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите:
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1 отсто),
Уметност, забава и рекреација (20,5) и
Информации и комуникации (14,1 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:
Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто),
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и
Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).