ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
На 12.04.2023 на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(35) и Е.Р.(35), двајцата од Прилеп. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш., а сопатник бил Е.Р.(35), кај Е.Ш. била пронајдена и одземена прашкаста материја.
На 11.04.2023 на патот Градско-Прилеп (Превој Плетвар), полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода се Г.Ј.(54) од Прилеп и З.Р.(53) од Прилеп. При преглед на патничко такси возило „ауди а4“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј., во кое се превезувал З. Р., биле пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација.
По документирање на случаевите ќе следува соодветен поднесок.