Вработен во прилепска кладилница избркан од работа затоа што јавно дал поддршка на новиот Закон за игри на среќа

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Прилепчанец вработен во една спортска обложувалница инстантно добил отказ затоа што јавно на ФБ, споделил пост со кој што ја поддржува Владата во донесувањето на новиот Закон за игри на среќа, а за истиот пак се противи Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ кои веќе најавувата и протести.

Зад прилепчанецот застана здружението „Чекор за правда плус“ – Скопје кое потенцира дека вработените во овој сектор не се синдикално организирани и секојдневно им се прекршуваат правата кои произлегуваат согласно позитивните законски регулативи.

„Здружението дава јасна и недвосмислена поддршка на новиот Закон за игри на среќа предложен од страна на Владата на РСМ, но и потенцираме дека вработените во казината и обложувалниците се соочуваат со откази од работните места каде веќе имаме прв пријавен случај во Прилеп каде вработен во спортска обложувалница е избркан од своето работно место по одлука на овластено лице надвор од Договорот за вработување и Законот за работни односи, поради што вработеното лице како технички оператор преку својот личен профил дал јавна поддршка на законот поддржан од страна на Владата на РСМ, а отказот му бил даден усно преку телефонски разговор, случајот е пријавен и до Државниот инспекторат за труд.“

Потенцираме дека вработените не се синдикално организирани во овој сектор и секојдневно му се прекршуваат правата кои произлегуваат согласно позитивните законски регулативи. Немаат недоволна сигурна работна средина и достоинство. Јасно е, дека Македонија не треба да наликува како Лас Вегас, туку да се врати нормалното функционирање на државата преку финкционален и безбеден систем за подобрена регулација на игрите на среќа со цел заштита на интересот на граѓаните и општото добро на државата“, вели Рубинчо Аризанкоски, Програмски координатор во здружение „Чекор за правда плус“ – Скопје.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци