ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД во Прилеп – ќе се чисти Прилепското Езеро

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 7ми Мај се одржува најголемата еко акција во Македонија во 26 општини, меѓу кои и Прилеп.

Локацијата на која што ќе се одвива чистењето е во реонот на Прилепското Езеро. Збирното место е на паркингот од вештачкото езеро и истата ќе трае од 08 д 12 часот.

„Излези и ти, собери го отпадот од твојата директна околина и допринеси за поздрава и позелена иднина за сите!

Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 кг отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми “СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година“, велат од Еко Свест Прилеп, кои ќе бидат дел од акцијата во Прилеп.

Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе од дваесет општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови.

Акцијата за чистење ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, е една од активностите кои се спроведуваат со цел да се придонесе во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да се влијае за зачувување на животната средина.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира