Големи пожари во Шведска, помош пристигнува од цела Европа

Facebook
Twitter
Email
Print

Шведска се бори со шумски пожари какви што не памети оваа држава, поради што владата во Стокхлом побара помош од Европската унија (ЕУ).

 

Премиерот Стефан Левен изјавил ека неговата влада работи „од минута во минута“ со цел да ги обезбеди неопходните ресурси за пожарникарите и другите ангажирани во гаснењето на околу 50 шумски пожари.

 

Огнот ги зафатил најмногу шумите во централниот и западниот дел на земјата, но и на далечниот север. Пожарите фатиле и дел од Артичкиот круг.

На барањето за помош веќе одговорија некои земји, како Италија и Норвешка кои испратија авиони, хеликоптери и пожарникари. Само од Полска беа испратени засилувања од 139 пожарникари и 44 противпожарни возила, за кои Шведска изрази благодарност. Помош Швеѓаните ќе добијат и од Данска, Германија, Франција и Литванија.

 

На некои места е наредена и евакуација на населението.

 

Регионот со денови не „видел“ дожд, а температура достигна и до 33 степени Целзиусови, што не е карактеристично за скандинавскиот дел.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци