Попладнево силно невреме го зафати атарот на селото Заполжани, но исто така погодени биле и атарите на уште неколку околни населени места во Долненска општина. Според изјавите на жителите уништени се голем дел од расадите со тутун, како и оној тутун кој деновиве беше засаден на нивите. Поради големите количини, на нивите се направил слој на град од неколку сантиметри.
