Големо поевтинување на горавата од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Еуросупер БС-95 ќе се намали за 3,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 4 денари. Дизелот од полноќ поевтинува за пет денари, а намалување ќе има и кај Екстра лесното масло за 4,50 денари за литар, како и кај Мазутот М-1 НС за 2,115 ден за килограм.

Согласно новите цени од вечер по полноќ максималните цени на горивата ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95              77,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98              79,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)             79,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)        77,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                              40,056 (денари/килограм)

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира