Во моментов гори дивата депонија на место викано „Текето“ на ул. „Дебрца“ во Прилеп, информираат за Инфо Компас од ТППЕ Прилеп. Веднаш на терен се излезени едно возило со 4 пожарникари, а доколку е потребно ќе им се придружат и дополнителнителни возила и човечки ресурси. Во моментов постои голема опасност пожарот да се префрли на целиот рид Маркови Кули.