Во моментов горат повеќе објекти во селото Чаниште во прилепскиот дел на Мариово, ситуаицјата е крајно критична и тешка. Пожарот настанал во сувата трева надвор од селото околу 14 часот, а потоа огнот започнал да влегува и во селото.
Во моментов ТППЕ Прилеп излезена на терен со 12 пожарникари и 4 возила, а побарана е и воздушна поддршка. На терен се излезени и од граничната полиција, а се очекува да пристигнат и пожарникари од Битола.
Во моментов силите се насочени да се одбрани црквата од пламените јазици.
Кон Чаниште е тргнат е директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Колку куќи се изгорени и што се случува точно на терен очекуваме информации подоцна.