Генерално, се намалува довербата на граѓаните во институциите во земјата, но и во медиумите и во граѓанските организации.Само полицијата и обрзованието ја уживаат довербата од половина од граѓаните, додека сите останати институции имаат доверба на помалку од 40 проценти од испитаниците. Најниска е довербата во судството, потоа во Државната комисија за спречување на корупцијата, здравството, пазарната инспекција и обвинителството.
„Постои исклучително висока перцепција дека постои широко распространета корупција во сите институции. Перцепцијата за постоење корупција во полицијата, информира, е околу 65 проценти од анкетираните, кои сметаат дека е распространета до највисоко ниво. Ако се анализираат резултатите за одделните делови на полицијата, сообраќајната полиција се смета за најкорумпирана, по што се најблиските соработници на министерот и граничната полиција. Најголемиот проблем според перцепцијата на граѓаните, посочи, е политизацијата“, вели Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во центарот Аналитика.
Наодите од истражувањето покажуваат дека е потребна итна деполитизација на администрацијата, а борбата против корупцијата треба да стане врвен приоритет за власта.
Во спротивно, како што велат од Аналитика, довербата на граѓаните во институциите дополнително ќе се намалува.