Грк загина на патот Прилеп-Градско кај с. Тројаци, со возило излетал од патот

 

Грчки државјанин загина во вчерашаната сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Градско, во близина на с.Тројаци. Како што соопшти МВР, патничко возило „нисан“, со грчки национални ознаки, управувано од А.Л.(69) од Република Грција, во 13:30 часот излетало од патот.

 

По незгодата, А.Л. бил пренесен во Општата градска болница „Борка Талески“ во Прилеп, но по кратко време починал.

 

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци