Дамаск: Израел бомбардираше цели во Сирија

Facebook
Twitter
Email
Print

Сириската армија соопшти дека Израел денеска со авиони и проектили земја-земја нападнал и оштетил „воени цели“ во сириската територија, во близина на главниот град Дамаск.

 

Локални извори велат дека слушнале експлозии во близина на арсенал на ракети со голем дострел и други воени објекти, во градот Кајтиф. Официјалната сириска агенција, САНА, го цитира главниот командант на армијата, според која нападот бил спроведен за да го зголеми моралот на „поразените“ бунтовници.

 

Сириската армија тврди дека Израел го користел борбеното воздухопловство и ракети земја-земја, истрелани од Голанските височини.

 

Според сириски информации, ПВО на Дамаск „погодила“ израелски авион, а некои од ракетите биле пресретнати. Израелските власти не ги коментираа извештаите во Дамаск.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци