Две малолетни деца пронајдени заборавени во автомобил во Скопје

Facebook
Twitter
Email
Print

Две малолетни деца на возраст од 4 и 7 години вчера биле прнајдени заклучени во автомобил на паркинг во населбата Ново Лисиче во Скопје. Случајот во полицијата околу 22 часот го пријавиле минувачи кои ги забележале децата.

 

Полициските службеници интервенирале веднаш по пријавата и откако скршиле стакло, успеале да ги извадат децата од автомобилот, при што со возило на Итна медицинска помош децата веднаш биле префрлени во комплексот клики „Мајка Тереза”. Според соопштението од Детска клиника, децата се во добра здравствена состојба.

 

Според полицискиот извештај разговарано е со двајцата родители, кои што се разведени. Неофицијално, во тој момент децата биле на чување кај нивниот татко, кој ги оставил во автомобилот и заминал на прослава во црква за празникот Успение Богородица. Откако била пронајдена и мајката, таа била повикана и била присутна со двете деца додека траеле прегледите во Детската клиника.

 

Моментално двете деца, братчето 4 и сестричето на 7 годишна возраст, се сместени во згрижувачко семејство и социјалните служби ќе утврдуваат што точно се случило и дали на родителите ќе им биде одземено родителското право.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци