Младинскиот сојуз – Крушево денеска и утре организира конференција за вмрежување и поврзување на младите од Северна Македонија и Грција со носителите на одлуки во двете земји.
На конференцијата, која ќе биде од хибриден формат (комбинација од физичко и онлајн присуство), ќе учествуваат над 110 млади луѓе од двете земји, а учесници-панелисти ќе бидат претставници на академската заедница, граѓанскиот сектор и јавните институции.
Покрај организаторите, на отворањето на Конференцијата ќе се обратат и амбасадорите на Германија, Анке Холштајн, на САД, Кејт Мери Брнз и на Грција, Русос Кундурос.
