Двајцата првообвинети во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и поранешната СЈО Катица Јанева денеска добија долгогодишни затворски казни.
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета за злоупотреба на службена положба и овластувања доби казна затвор од седум години за случајот „Рекет“, додека Бојан Јовановски – Боки 13, за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, доби девет години затвор.
На Јовановски ќе му се конфискува облеката од скапи брендови шо ја одзеде обвинителката Русковска, како и уметнички слики, мебел и сè што му е стекнато со пуштањето во оптек на парите од земениот рекет, вклучувајќи и 12.000 евра кеш.
На Јанева ќе ѝ бидат конфискувани 50.000 евра, а ако нема готови пари на сметки, ќе бидат присвоени лични предмети или недвижнини во износот со кривичното дело.
Претходно Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина за примање награда за противзаконито влијание уште на првото рочиште, беше осуден на 3 години затвор.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/Matador-banner-300-149.jpg)