За да и децата од руралните средини ја почувствуваат магијата на празниците КИДЦМ „Калеш Анѓа“ од с. Крушевица и Планинарското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп повторно ја организираа акциијата во која Дедо Мраз им подели пакетчиња на околу 20-тина деца од руралните средини.
„Веќе неколку години ја организираме оваа акција. Целта е и децата од руралните средини да ги посети Дедо Мраз и да им даде новогодишно пакетче, но примарната цел е да им се помогне на дел од социјално ранливите семејства. Освен новогодишни пакетлиња поделивме и друг вид на помош на неколку семејства во Крушевица, а новогодишни пакетчиња однесовме и во селото Лопатица и во неколку социјално ранливи семејства во градот Прилеп. Сакам да упатам и благодарност до сите кои помогнаа да се организира оваа акција како Војо Ушкоски од Прилеп, Градежи ДООЕЛ – Прилеп, Центарот за социјална работа – Прилеп, Павле Трајаноски од с. Крушевица, Прилепско“, истакна Тренчо Димитриоски, КИДЦМ „Калеш Анѓа“ од с. Крушевица.