Десет осигурителни компании казнети по 28.000 евра – картелски ги кренале цените на полисите

Facebook
Twitter
Email
Print
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

Десет осигурителни компании повеќе од една година делувале усогласено во поглед на полисите за автомобилска одговорност, задолжителна давачка што при регистрацијата ја плаќаат сопствениците на моторни возила. Евроинс осигурување, Триглав осигурување, Македонија Скопје – Виена Иншуренс Груп, Сава осигурување, Еуролинк, Граве, Уника, Осигурителна полиса, Халк осигурување и Кроација осигурување „разменувале чувствителни информации, координирале активности и во исклучително краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата за вршење дејност – т.н. режиски додаток“, утврдила Комисијата за одлучување по прекршок што е во рамките на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Таквото однесување претставува ограничување на конкуренцијата „по своја цел“, односно најтешка форма на повреда согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Размената на информации и паралелното донесување на ценовни одлуки ја заменува независната деловна политика со координирано колективно дејствување на пазарот, што е строго забрането“, велат од КЗК.

Врз основа на утврдените факти, на десетте компании им се изречени прекршочни санкции во вкупен износ од 17.266.930 денари, или 280,7 илјади евра. Секоја од нив  поединечно треба да плати по околу 28.700 евра.

Претходно КЗК утврди картел и кај маркетите. За картелско здружување и договарање цени казни четири големи ланци на маркети со по 50.000 евра, како и Сојузот на стопански комори со 18.000 евра. Инаку, двете постапки и за маркетите и за осигурителните компании Комисијата ги започна пролетва.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира