Државната изборна комисија го усвои Предлог-кодексот за набљудување на референдумот.
Тој става акцент на акредитираните набљудувачи кои треба да го познаваат Законот, да се придржуваат кон неговите одредби, да се непристрасни и секогаш со себе да го носат беџот за идентификација.
„За фер и коректно набљудување ДИК е должна да донесе рамка за правилно однесување при набљудувањето на референдумот. Согласно Кодексот, само акредитирани набљудувачи можат да информираат за текот на гласачкиот проце“, беше истакнато на седницата.
Кодексот предвидува и ограничување за акредитираните набљудувачи – тие не смеат да влијаат при гласањето и пребројувањето на гласовите, ниту да носат какви било партиски симболи.
ДИК на седницата го усвои и предлогот на Борис Кондарко, да се донесе комплетно нов правилник за приговори што ќе важи само за референдумот. Правилникот за изборниот процес нема да се менува.
Членовите на Државната изборна комисија ја поддржаа и одлуката да се ангажираат дополнителен број лица од Државниот завод за статистика со цел побрза обработка на податоците за излезноста на референдумот.