Познатиот диџеј Ристо Мелоски (48), попознат како диџеј Ицко по неколкудневна борба ја загуби битката со коронавирусот. Долгогодишниот член на Антена 5 радио починал синоќа на Клиниката за инфективни состојби и фебрилни болести во Скопје.
Мелоски, кој е татко на две деца, првите симптоми на вирусот ги добил на 3-ти јуни и од тогаш започнала битката за живот.
Диџеј Ицко имаше голем придонес во развојот на електронската музичка сцена во Македонија преку сопствена продукција и преку емисиите на фрекценцијата на Антена 5 радио. На клупската сцена опстојуваше повеќе од деценија и пол и важеше за синоним на електронската и прогресивна музика во земјава.
