Вистински патриот е во овие тешки услови и времиња на светска пандемија да се присетиш и да им помагаш на своите сограѓани од општина Крушево.
„Обезбедивме донација за општина Крушево од 6000 заштитни маски. Упатувам искрена благодарност до Naser Alim, бизнисмен и стопанственик во Р.Турција и наш сограѓанин за дадената донација која го уверуваме дека разумно ќе ја распределиме за потребите на институциите и граѓаните“, напиша на ФБ градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

