Донација од Витаминка за децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола добија предновогодишно изненадување од Витаминка. Новогодишните пакетчиња беа доставени во просториите на Заводот во Скопје и во Битола, каде дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат дека новогодишните празници се најголема радост за децата и затоа секое дете треба да ги почувствува оваа радост и задоволство.

„Донацијата на новогодишни пакетчиња во Витаминка стана традиција којашто секоја година ја спроведуваме со посебен фокус на децата од социјален ризик или децата со посебни потреби. Ова произлегува од нашата политика како општествено одговорна компанија да помогнеме онаму кај што е најпотребно и да придонесеме за секое дете да го почувствува задоволството и радоста на новогодишното дарување. Затоа со нашите донации се трудиме да опфатиме што повеќе децата и од целата држава“, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во Витаминка.

Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје се згрижени 80 деца, додека пак во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола 35 деца. Во овие две здравствени установи се третираат пречките во говорот, слухот и гласот кај децата од целата држава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира