Дрвокрадци „камикази“ во Прилеп повторно намерно се судриле со возилото на шумската полиција



Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција! Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, информира заменик-директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

„На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР. Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството. Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе“, додава Михаилов.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира