Друштвото „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј донираше околу 500 дресови за децата и учениците од Општина Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Родољубите и патриотите од Прилеп кои подолг период живеат во Австралија уште еднаш докажаа дека Македонија и Прилеп постојано ги носат во срцето без разлика колку се оддалечени од своето родно огниште.

Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј донираше околу 500 дресови од разни фудбалски клубови и разни фудбалерски имиња за децата и учениците од Општина Прилеп.

Најголем дел од дресовите беа поделени на учениците од 10-те основни училишта во Прилеп. Дел од дресовите добија и децата од социјално ранливите категории, надарени и талентирани ученици и други.

Целата акција се спроведуваше со координација и помош на наставникот Гоце Бумбароски од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп.

Инаку станува збор за продолжување  на соработката помеѓу Општина Прилеп и друштвото од Австралија. Ова не е прва нивна ваква донација.Претходно оваа година Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ обезбеди 200.000 денари со кои се купија разни потребни апарати и предмети како печатач и, скенери, лаптоп, телевизори, тример косачки, поликолор, топки, играчки за сензорни табли и нагледни средства за децата со посебни образовни потреби во 6 основни училишта во Прилеп, ООУ Кочо Рацин, ООУ Кире Гаврилоски – Јане, ООУ Добре Јованоски, ООУ Страшо Пинџур, ООУ Рампо Левката и ООУ Круме Волнароски.

 

 


Општина Прилеп искажува огромна благодарност на ова друштво за ваквите донации кои се вистински доказ за тоа како се сака Татковината. Овој пример на Австралиско – Македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј нека биде поттик и пример и за другите наши друштва од дијаспората, насекаде низ светот, како може да се помогне на својот роден крај и да се донира во различни општествени сфери за да се подобри квалитетот на животот тука.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци