Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Ниту во прилепската болница ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени, велат од ДСЗИ. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) не констатирал недостатоци во водењето на медицинската документација во прилепската болница и во Клиниката за детски болести во Скопје. ДСЗИ изврши вонреден инспекциски надзор во двете болници откако новороденче од Прилеп, старо десет дена, почина од сепса на Детската клиника во Скопје.
Директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, вели дека нивна надлежност била да ја испитаат целосната документација и за родилката и за новороденчето.
„Ниту во прилепската болница ниту на Клиниката за детски болести не се пронајдени недостатоци. Документациите се уредно водени. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот се подготвува и треба да биде готов во текот на денот“, вели Младеновска за МИА.
За овој случај министерот за здравство Фатмир Меџити најави формирање стручна комисија, а прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет по пријава на родителите на починатото новороденче.