Најновата прогноза на Европската Комисија за растот на македонската економија за годинава е проектирана на 2,1 отсто. Во однос на проекцијата од мај годинава има намалување од еден отсто , кога ЕК прогнозираше раст на економијата од 3,1 процент.
Во есенскиот извештај на ЕК за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати, се надедува дека следната година економијата на земјава ќе порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година растот ќе изнесува 3,1 процент. Главни ризици и натаму се политичката состојба, но и нивото на инвестиции. Очекувањата од ЕК се и натаму да се зголемува извозот , да расте стапката на вработеност, но да има и подобрување во однос на висината на платите.
Во однос на јавните финансии ЕК забележува дека има зголемување на даноци и очекува буџетскиот дефицит да остане на планираното ниво, а до 2021 година да биде сведено на два отсто.
Понатаму, во извештајот се вели дека јавниот долг е планирано да продолжи да расте.