Еден нов случај на заболен од корона во Прилеп, осум оздравени пациенти

Во последново деноноќие регистриран е еден нов случај на заболен од корона во Прилеп, како и осум оздравени пациенти.

 

На ниво на држава има 7 нови случаи на Ковид-19 и тоа во 1 во Скопје, 1 во Прилеп,  4 во Тетово и 1 во Кратово. Оздравени се вкупно 47 пациенти: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира