Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Вработените во „Терминал Комуналец“ – Прилеп, три месеци немаат земено плата, денеска одржаа едночасовен предупредувачки штрајк од 8.30 до 9.30 часот. Не сакаа јавно да зборуваат пред камера. Се надеваат дека овој нивни проблем ќе биде решен овие денови во спротивно ќе пристапат кон целосен штрајк.
Во петок треба да има Управен одбор на ЈКП „Комуналец“ на кој една точка треба да биде посветена и на ова јавно претпријатие.
Инаку „Терминал Комуналец” ДООЕЛ е претпријатие формирано од страна на Ј.K.П. Комуналец- Прилеп, односно негова фирма ќерка кое има околу 13 вработени во чиј дел се и вработените во трпезаријата на новите Градски гробишта
Вработените истакнуваат дека треба да се најде под итно начин како да продолжи со работа ова претпријатие затоа што во минатото додека терминалот финкционирал со максималниот свој капацитет огромна количина на средства се давале на ЈКП „Комуналец“, а сега ова јавно претпријатие не сакало да им излези во пресрет.
Засега од ЈКП „Комуналец“ нема никаков одговор за оваа ситуација.

