Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени – Проект за справување со климатските промени

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Македонската Соларна Асоцијација, Солар Македонија  во партнерство со ЛАГ АГРО ЛИДЕР од Кривогаштани и Избор од Струмица започнаа со спроведување на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени”.

Проектот има цел да придонесе за намалување на влијанието на климатските промени преку примена на обновливи извори на енергија. Ова би се постигнало само преку едуцирано и еколошки свесно население. Преку проектните активности ќе се постигне зголемување на јавната свест за инвестиција во сертифицирана опрема за примена на обновливи извори на енергија согласно европската регулатива. Со цел да бидат опфатени сите граѓани, дополнително ќе се разработат предлог мерки за формирање на посебен фонд за социјално ранливите категории на граѓани.

Дел од проектните активности насочени кон иновации и промоција на добри практики во земјоделството ќе се спроведат на територија на општина Прилеп, Кривогаштани и Долнени со цел обезбедување на информативна и советодавна поддршка за земјоделците за примена на обновливи извори на енергија кои докажано придонесуваат за зголемување на рентабилноста на фармите и намалување на влијанието на климатските промени.

Во рамките на проектот остварена е соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп за заеднички иницијативи со учениците кои преку креативен пристап ќе придонесат за едукација на граѓаните и зголемување на свесноста за значењето на животната средина и колективниот активизам за справување со климатските промени.

Проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатските промени” е еден од четирите акциски грантови поддржани од грантовата програма во рамките на проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени” финансиран од владата на Шведска преку Swedish International Development Cooperation Agency (SIDA), а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје, Македонското здружение на млади правници и ЦНВП-Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци